Дуња Иванова: Изолацијата е прилика да погледнеме длабоко во себе и да најдеме инспирација

You must need to login..!

Опис

Ова е нова состојба за сите нас, и оние кои се бават со изведувачка уметност го разбираат овој порив, кога не може да се допрат штиците на концертните сцени, но тоа не значи дека каналите за пренесувањето на мојата експресија се прекинати, баш напротив, ова е време кога сите ние треба да нурнеме во уметноста, вели Дуња Иванова пијанистка.

Дента врнеше снег, мене снегот ме потсетува на детството и некако ги пресликува тие емоции. Изреагирав импулсивно и го извадив пијаното на терасa. Решив да снимам едно кратко видео кое во неможност да го споделам со публика во концертна сала решив да го постирам на социјалните мрежи и да допрам до слушателите, додава Дуња.

Таа најави свои концертни појавувања по смирувањето на состојбата во земјава. Вели: „Со концертите на неконвенционални места сакам да поттикнам излегување од шаблонот“.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

four + seven =