Дука: Во Дебар состојбата е постабилна, но тоа не значи дека немаме нови инфицирани

You must need to login..!

Опис

Дебар на 13 март беше прогласен како кризно подрачје. Вирусот беше импортиран од Италија. Луѓето ги почитуваат мерките од Владата, добро ги знаат опасностите од вирусот, изјави за Утрински брифинг Хекуран Дука, градоначалник на Дебар.

Штабот за кризи редовно ги известува граѓаните. Имаме 47 случаи од кои 4 се смртни. Од друга страна имаме и осум излечени. Се на се имаме 148 лица во домашна изолација и веќе трет ден немаме позитивни случаи. Сметам дека состојбата е постабилна, но тоа не значи дека немаме нови инфицирани, вели Дука.

Дука смета дека никој не може да претпостави до кога ќе трае кризава.

Однесувањето на КОВИД-19 е многу чудно и во исто време интелигетно. Затоа не би знаел до кога ќе трае оваа ситуација со епидемијата.

Имаме редовна координација со сите органи. Нашите барања воглавно се реализираат и кај нас маркетите, аптеките се снабдени. Има минимално движење и заедно со граѓаните ќе го совладаме сето ова, изјави Дука.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

eleven + sixteen =