Дудуш: Планираме изградба на нова трговско-индустриска зона, исто така и нова социјална населба

You must need to login..!

Опис

-Јас посакував да бидам кандидат на СДСМ, но органите на партијата одличија да не бидам нивен кандидат, па ме поддржаа ЛДП и ДОМ, изјави за Утрински брифинг Курто Дудуш, градоначалник на општина Шуто Оризари.

-Како политиките во иднина ќе ги спроведуваат ЛДП и ДОМ, фокусиран и концентриран сум на општината и Шуто Оризари треба да го направиме едно пристојно место за живеење, додава Дудуш.

-Постојано спроведуваме со легализација на објекти во нашата општина. Повеќе од 2.000 легализации се дадени во претходниот мандат. Имаме уште најмалку 2.000 легализации за издавање.

-Погрешна информација е дека Шуто Оризари нема питка вода. Јас гарантирам дека 99% од нашата општина е покриена со водоводна мрежа, вели Дудуш.

-Од формирањето на нашата општина се нема донесено ДУП, работи интензивно на тоа. Во моментот се донесени два плоковски ДУП-а. Отприлика сме на 60% до завршување на сите ДУП-а на територија на цела општина, изјави за Утрински брифинг Кутро Дудуш, градоначалник на општина Шуто Оризари.

-Претседателот Заев ќе си даде оставка и повеќето од нив ја делат истата мисла дека е потребен нов лидер и го препознавам Максим Димитриевски како претседател на СДСМ. Јас имав храброст за разлика од другите да го кажам тоа во јавност, ќе видиме што ќе се случи. Тој е авторитет, победник, не е некој но нејм и треба да биде лидер на СДСМ, рече Дудуш.

Целиот разговор погледнете го видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

19 − eighteen =