Дувњак: Најголеми шанси за претседател на Врховен има оној што ја има поддршката на политиката

You must need to login..!

Опис

Нормално е да очекувам да има разврска за 27 април, но не знам колку реално тоа ќе се случи. Ако можеше да се следи се она што се случуваше во судница разбирливо е дека сите сведочења беа во насока на дискредитирање на главниот сведок на обвинителството и да се докаже дека сведочењето на Александар Василевски – Нинџа е креирано.

Главната теза на обвинителството беше дека поранешниот претседател на државата планирал воен удар и на тој начин во координација со главните актери во овој случај луѓето биле повикани да влезат во собраниската сала и да се случи она што се случи. Ќе биде многу безмислено и правдата нема да биде задоволена доколку сѐ се сведе на изршителите, а не на организаторите и да проба целата работа да заврши на тоа дека една поголема толпа на луѓе, на своја рака дошле и го искажале својот гнев.

На тој начин и понатаму ќе бидеме далеку од она што е главна слабост во нашиот правосуден систем, а тоа е правдата да не може да стаса до највисокотите политички врвови и да се добие едно чувство во јавноста дека правдата достасува само до едно одредено ниво и не ја допира политиката, изјави во Утрински брифинг новинарката Гордана Дувњак.

Целиот разговор каде што Дувњак говори и за изборот на претседател на Врховниот суд, вмешаноста на политиката во истиот, погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

one × two =