Дувњак: Уставен суд поле за меѓупартиски пресметки – изгубена е улогата на чувар на уставноста и законитоста

You must need to login..!

Опис

-Ситуацијата во која се најде Уставен беше очекувана и најавувана особено откако лани тројца судии си заминаа а имаше најава и за четвртиот. Мешаницата која сега настана исфрли проблеми на виделина од три новоа на конфликт.

-Прво кадровски во комисиите на Собранието. Второ, нерамномерноста во распределеноста на силите во комисиите. Вчера еден од пратениците слушам кажува дека за нив дел од понудиените кандидати не се подобни и како мнозинство ќе ги надгласаат овие предлози, а со тоа продолжува блокадата на работата.

-Третото ниво е најсуштинско и подлабоко, изјавата на професорката Иванка Василевска дека на Уставниот суд му треба ресет, затоа што Уставниот суд ја изгуби својата позиција и стана полигон на меѓупартиски делби и препукувања. Судот ја изгуби својата улога на чувар и не успеа да се одбрани со својата професионалност.

Таму може лесно да се пребројува распоредот на силите, а тоа пак говори дека работите „тргнале по ѓаволите“.

Претседателката спомена дека од оваа ситуација блокирано истанати се 16 иницијативи меѓу кои и Договорот од Преспа.

Она што загрижува е што не можат да излезат од партискиот елек и политиката го надвладува правото, вели за Утрински брифинг новинарката и уредник на Фокус, Гордана Дувњак.

Разговорот погледенте го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

four × three =