Дувњак: Со реформите сме како во народната – два чекори напред, два назад

You must need to login..!

Опис

-Добар е, реален, со интересна констатација дека судскиот систем во Македонија е умерено подготвен што верувам дека во голема мера се должи на тоа што Министерството за правда успеа да го направи. Мене ми беше интересно тоа што ни на Европејците ни нам не може да ни се протне вистинската реалност. Европската комисија вели: Владата да се фокусира на имплементација на законските решенија и да не се зафаќа со нови проекти. Или, закони имате – спроведете ги, изјави за Утрински брифинг, новинарката и уредник во Фокус, Гордана Дувњак, говорејќи за извештајот на ЕК и за тоа каков е годинава во делот на правосудството.

-Законската рамка е добра, но судството треба да функционира што гледаме преку предметите на СЈО, ама гледаме и дека се уште зборуваме за изборни манипулации и тоа поминува така секако дека тоа ќе се нотира.

Што е проблемот во судството, оти владата не смее да се меша?

-Судството се уште не е свесно дека е посебна власт, трета власт. Не можам да поверувам колку Обвинителството не може да тропне на маса и да рече дека нема услови за работа, дека му недостасуваат 60 обвинители, па стручни соработници, исто така и Врховниот суд не е комплетиран. А видовме дека ако сакаме можеме со СЈО. Ако во СЈО функционираа истражните центри, зошто такви не би функционирале и сега. Недозволиво е некои истраги да траат неколку години.

-Недозволиво е да не функционира конфистација. Што оти некој лежи во затвор, а парите не се вратени? Секој затвореник државата ја чини 800 евра месечно. Можеби затоа има во извештајот критички дел за затворите – се бара алтернативни мерки на казнување. Имаме минимална примена на пробација, а во затворот Идризово има 1100 затвореници, што е многу.

-Пробациската служба како да не размислуваат подалеку. Набавивме алки за пробацискиот систем, ама не се користат оти при тендерот не е предвидено нивно одржување. Конзервативни сме како средина, а особено судскиот дел е поконзервативен.

Целиот разговор погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

16 + 18 =