Дувњак: Политичарите забораваат дека нема вечно да бидат на власт и го ослабуваат судството не сметајќи дека еден ден тие може да се најдат пред судовите

You must need to login..!

Опис

Политичарите забораваат дека нема вечно да бидат на власт и го ослабуваат судството не сметајќи дека еден ден тие може да се најдат пред судовите

Вчера доцна синоќа Сашо Мијалков беше ослободен од притвор, а некои велат дека до вечерва и Орце Камчев ќе излезе од притвор. Се добива впечаток дека овие пресврти се случуваат поради некои внатрешни превирања во правосудните структури.

За ова разговаравме со Гордана Дувњак во редовната рубрика на Утрински брифинг, „Има ли правда“, а по повод изјавите дека судството трпи влијанија дадени од ексминистерот за правда Михајло Маневски, кој е единствеиниот министер споменат по име во европски извештај дека вршел влијание во судството, и експретседателот на Врховниот суд Јово Вангеловски, против кој и се води судска постапка за незаконито влијание.

-Влијанијата се сѐ уште силни од претходната владејачка гарниттура во правосудството. Интересно е што во рок од две недели Мијалков успева во втор план да ги стави политичките настани во земјата. За две недели две различни одлуки на судовите но тоа говори за судството во Македонија – збунето, под влијанија, несамостојно. Претпоставувам ќе дознаеме зошто за толку кус период гаранција од 11 милиони евра беше прифатена, па отфрлена, па укинато решение за притвор. Сетоа ова како објаснение ни го должат судиите, вели Дувњак.

Дувњак е членка на медиумско-судското тело и вели дека судовите мора да ги објаснуваат за јавноста сввоите одлуки. Зошто некоја одлука е донесена? Кој е новиот момент што се променил во однос на имотната гаранција на Мијалков?, тоа се прашања што треба да се одговорат.

-Сеад Кочан беше задолжен да врати 17 милиони евра да врати во државата и тоа никогаш не се случи. Судската васт би требало да биде независна, извшрната васт треба да му овозможи услови, но она што е страшното е што ние 30 години имаме судство што не се доживува како власт. Да беше поинаку, никој од другите власти и моќници не би моел да им се јавува и да врши влијанија, вели Дувњак.

Судиите ги следат политичките случувања кои во последно време се турбулентни, а Мијалков е творецот на „Сваровски судството“.

-Судството ги следи случувањата во политиката. Што е чудно. Судиите имаат траен мандат со што се заштитетни, но сме далеку од тоа да зборуваме за судство од кое ќе се плашат политичарите. Ако почнеме да го одмотуваме клопчето за квалтетот на суството треба да се запрашаме какви се телата што ги одбираат судиите кои се грижат за нивната независност. Политичарите забораваат дека нема вечно да бидат на власт и како намерно да работат на слабеење на судството не сметајќи дека еден ден тие може да се најдат пред судовите, вели Дувњак.

СЈО се затвори, шефицата на СЈО беше експресно осудена, а се чини дека има многу луѓе кои се радуваат на тоа.

Проследете го целиот разговор во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

twenty + eight =