Дувњак: Околу и за Камчев има многу сомнителни зделки и финансиски трансакции

You must need to login..!

Опис

Целиот случај со Орце Камчев е обвиткан со многу нејаснотии. АКо може да се наоправи некаква паралела и со случајот со Мијалков може да видиме дека сите крупни работи се случуваат за викенд или за празници, но за разлика од претходниот пат кога се покрена цела лавина од шпекулации, па дури и од релевантни луѓе од институциите, сега тоа го нема. Ова донекаде е добро, а донекаде е лошо. Добро е зошто минатиот пат иамвме таква една конфузија од најразлични изјави, па дури и неточни факти, префрлање на одговоност и непрецизности кои потоа доведоа до дополнителни анализи, па да се фаќа за збор Рускоска, што сакала да каже, па како и одговорил Спасоски… Сега тоа го нема. Но ако во претходниот случај со Мијалков, АНБ беше обвинета дека нема информации и дека е тоа е недозволиво, сега практично одлуката на Обвинителството и судот се темели на службена белешка на АНБ, која што не ја видовме до сега. Шпекулациите се дека наводно има сознанија нза бегство и средби со странски разузнавачи. Други детали нема, обвинителката што го води случајот со „Плацевите на Водно“ и „Империја“, вчера молкум помина покрај новинарите, но гледам и дека постои воздржаност и во тонот на соопштението на Обвинителството изјави за Утрински брифинг, новинарката Гордана Дувњак.

Има една коинциденција, а можеби и не, дека приведувањето и притворањето на Камчев доаѓа три дена по објавувањето на последната афера на „Ла Верита“. Овој весник беше поврзан и со случајот „Рекет“, каде во првите информации се спомнуваше дека следењето и снимањето било дело на бугарска, на странска служба. Инаку врските на Камчев со Бугарија не се слчучајни, не се од сега. Дури и „Фокус“ пишуваше дека е забележлив податокот дека Камчев во последната година, година и пол почнува да ги пренесува бизнисите во Македонија, но не е тој титуларот на сопственоста. Во моментов колку што знам „Орка Холдинг“ е на име на фамилијата, но другите бизниси се на друго име пренесени, што да бидеме искрени во изминатиов период беше и стил на работа на Камчев. Во Бугарија Камчев има повеќе развиени бизниси – има бизнис со медицина, со млекари итн…, изјави Дувњак.

Факт е дека станува збор за исклучително моќен човек со многу големи, развиени врски иво политичкиот свет и во медиумите. Да не заборавиме дека во 2016 година тој беше прогласен од „Форбс“ за најбогат Македонец, со 22,8 милиони евра проценето богатство. Но и за Камчев и за сите други се мора да биде на ниво на сомнежи, а работата треба да ја заврши Овинителството и судовите. Според мене е недозволиво да се отвори еден таков голем случај како „Империја“ каде што се споменуваа имињата на Камчев, Мијалков, Панделевски, а по четири години да немаме обвинение, вели Дувњак.

Целиот разговор со новинарката на „Фокус“ Гордана Дувњак погледенте го во видеото.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

19 + eighteen =