Дувњак: Неизборот на Обвинители ползува на криминалот и корупцијата

You must need to login..!

Опис

-Со каква брзина се одвиваат работите во Меѓународниот суд не можевме ни да претпоставиме дека ќе биде толку брзо. Таа одлука се однесува на прекин на инвазијата врз Украина иако знаеме дека намерата на Путин не е таква. Обрачот околу Путин се стега, целта најверојатно е да се изолира и на овој начин, правно.

-Во ЕСЧП се жалат граѓаните кон сопствената држава, односно станува збор за руски граѓани кои се жалат на сопствената држава.

-Тргнувајќи од Македонците во Бугарија кои имаат 16 пресуди, но не можат да се спроведат, сепак има механизми, ако се сеќавате, и Полска беше санкционирана за некои судски лоши практики, но овие институции се многу претпазливи.

-Меѓународните договори се дел од нашиот правен систем и во судската пракса може да се повикуваат на меѓународните одлуки. Еве на пример имаше одлука за парното, но се уште не може да се имплементира тоа и да се преточи во пракса.

-Изборот на јавни обвинители деновиве повеќе беше забава за народ. Очигледно е дека тука има некои игри. На состанокот не дојде ни главниот Јавен обвинител. Во ситуација кога од 1-ви февруари петмина обвинители немаат повеќе мандат, се откажуваа рочишта, сето ова е во слава на криминалот. Од се она што може да се проанализира личи на некои партиски математики.

-Кај нас Јавниот овбинител го предлага Владата, Собранието го избира. Најстрашно во целата ситуација е што ниту судството ниту обвинителството кај нас внатре имаат проблеми.

-За мене е несфатливо Советот за јавни обвинители да не може да избере 5-мина од понудени 10 членови. Ова го отвора прашањето дали можеби е подобро првиот човек на Обвинителството за организиран криминал да си предложи свој тим, вели за УБ новинарката и уредник на Фокус, Гордана Дувњак.

Целиот разговор погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

19 − 8 =