Дувњак: Мора да се постави прашањето за Уставниот суд, неговата организираност и поставеност

You must need to login..!

Опис

Добро е што се одблокира Комисијата за избори и именување. Собранието три дена водеше расправа за да го разреши Зендели. Како и да е, очекувам во наредниот период дека ќе почнат таму да се придвижуваат работите и во Комисијата за избори и именувања мнозинството да понуди решенија и да отпочне расправата која веројатно ќе трае долго.

-Даде резултат и притисокот на претседателката на Уставен. Притисокот таму е многу голем, од девет судии работат само пет и на ивица на кворум се.

-Уставен не ја одби иницијативата на Панчевски, ја отфрли. Тој реагираше по основ на Законот за заштита на човекови права и слободи, а Уставниот суд во своја надлежност покрива дел од овие права.

-Сега Уставен цени дека Основниот суд повторно треба да одлучува и да му овозможи на Панчевски да ги истакне да ги произнесе аргументите.

-Голем број од случаите во Уставен суд се отфрлени, а само мал ден прифатени. Потоа следната инстанца е Судот во Стразбур каде најчесто се добиваат случаите.

-Во блиска иднина мора да се постави прашањето за Уставниот суд, организираноста, поставеноста. Но такво нешто не може да се очекува скоро бидејќи за тоа е потребно и двотретинско мнозинство, вели за Утрински брифинг, новинарката и уредник на Фокус, Гордана Дувњак.

Ова се дел од поентите од анализата на Дувњак, а целиот разговор погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

2 × one =