Дувњак: И несреќата во Ласкарци беше слична, не учиме од грешките туку ги повторуваме

You must need to login..!

Опис

Главна тема оваа недела е трагедијата со автобуската несреќа што се случи рано утрото во понеделникот.

-Правниот контекст е да заврши идентификацијата на телата и паралелно да се врши истрагата. Денес бугарското Обвинителство ќе излезе во јавност со првични информации, веројатно за околностите во кои се случила несреќата. Нови детали не очекувам оти истрагата ќе трае сигурно шест месеци. Од македонска страна се асистира со доставување на информации, вели Гордана Дувњак, во редовната рубрика на Утрински брифинг, „Има ли правда“.

Она што се случи синоќа со влегувањето во Царина и испитувањето на документацијата, па и откривање дека автобусот не бил регистриран кога излегол од државата се нешта кои не се директно поврзани со несреќата, но се поврзани индиректно. Дувњак вели дека надлежните контролите и превенцијата треба да ја прават пред да се случи несреќа, оти отпосле е доцна и веројатно ќе биде со краток здив.

Сега се покренува обемна работа околу вештачењата во повеќе области, не само во сообраќајот.

-Можно е судскиот процес да биде во Бугарија, но можно е да се пренесе јурисдикцијата и судскиот процес да се одвива во Македонија. Веројатно ќе биде во Бугарија оти има еден аспект кој ја засега бугарската држава, а тоа е обележувањето на патиштата, вели Дувњак за Утрински брифинг.

Во Бугарија веќе направија видео симулација на можното сценарио на несреќата.

-Насловните страници во бугарските медиуми главно се однесуваат на сензационалистички наслови поврзани со дополнително гориво и пренесување петарди, иако обвинителот Јовевски и министерот Спасовски демантираа дека е тоа можно. Но, сепак е рано за какви било заклучоци, вели Дувњак.

Сценарија на заговор имало и ќе има, ќе има и такви кои нема да веруваат во официјалната верзија на обвинителството.

Присуството на обвинителката за организиран криминал Вилма Русковска во Бугарија, заедно со јавниот обвинител Љубомир Јовевски остави простор да се прашуваме дали тука е во игра и организиран криминал.

-Не мора да значи, вели Дувњак, и додава дека е можно Русковска да била во својство на близок соработник на јавниот обвинител кому му верува.

Вештакот во вчерашен Утрински брифинг говореше за важноста при прибирањето на докази на лице место да има и вешти лица.

-Семејства имаат право да добијат отштета и тоа ќе се води низ посебни постапки, додава Гордана Дувњак за Утрински брифинг.

Целиот разговор погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

eleven + three =