Дувњак: Излегува дека во државава ако имате многу пари ќе се договорите за обвинувањата

You must need to login..!

Опис

-Затворски туризам е повеќе крилатца на новинарите, но на многу добар начин го отсликува тоа што е во праксата. Ваквата пракса започна пред неколку години особено со случајот на Горан Милевски Кичеец. Исто како што тој си искористи една законска можност, додуша прашање е тоа колку е изигрување на законот. Пред издржување на казната да ја смените адресата на живеење.

-Што значи тоа, обвинетиот да си побара преку МВР промена на местото на живеење, меѓутоа истото тоа го користат и Камчев и Јосифовиќ обвинети во „Империја“, процеј кој заврши со признавање вина во еден дел, во кој им беше изречена минимална казна од една година, од кои камчев веке три ипол месеци има одлежано во куќен притвор, и сега откако требаше да го одлежи остатокот во Шутка тој преку своите адвокати си побара промена на адресата во Охрид.

-Сега Охридскиот суд е надлежен, но бидејќи тој е повеќе за малолетничка деликвенција, после него надлежен е Струшкиот. Тамошниот затвор е од отворен тип и буквално како што велат нема ни ограда.

-Доколку овие осудени не го користат правото за одложување на казната може лесно да се случи после две недели кои што се задолжителни додека трае приемот после тоа можат да бидат слободни па и да склучат договор со некоја фирма па и да ги видиме на некои шанкови во Струга за што дури и некаков надомест да добиваат за тоа, а само за преспивање да се враќаат назад.

-Сето ова навидум е законски дозволено, но сепак мора да констатираме дека тоа е изигрување на законот.

-Иако сето ова според Закон е легално, обвинителката Русковска и самата кажа дека целта е да се полни буџетот. И самата кажа дека ова е и една порака до сите кои не плаќаат даноци. Излегува дека имате многу пари ќе имате еден куп адвокати и обвинители околу вас кои ќе ги најдат сите дупки во законот. Пораката која се испраќа со ова до јавноста е дека колку повеќе крадеш толку повеќе си поуспешен и дека ако успеете да украдете 35 милиони евра нема да ви биде проблем пет да вратите.

-Сега ќе има друг интересен момент а тоа е дека кога ќе заврши постапката за избор на Уставни судии меѓу кои е и актуелниот државен јавен обвинител Љупчо Јовевски ќе се отвори битката, вели за Утрински брифинг новинарката и уредник на Фокус, Гордана Дувњак.

Целата анализа погледнете ја во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

one × five =