Дувњак: Идните Уставни судии да бидат поверни на правото отколку на партијата

You must need to login..!

Опис

Веднаш по средбата на Кацарска со државниот врв веќе беше закажана седница на Комисијата за избори и именување што ќе заседава денеска. Ќе видиме што ќе се случува денеска таму. Јас сум малку носталхична и повеќе паметан кога во уставните судови имаше членови на кои беше задоволство да ги слушаш нивните излагања.

-Во Уставниот суд, да не бидеме во заблуда дека само професори по уставно право треба да бидат членови, изминатиот период најмалку имаше од нив, и таму се провлекуваат стручни соработници.

-Праксата низ годините покажа дека можеби крајно време е да се промени начинот на избор за Уставни судии. Можеби конечно е време да има и конкурси на кои ќе се пријават заинтересирани па јавноста да има можност да ги слушне нивните излагања.

-Каков ќе биде изборот зависи од парламентарното мнозинство, Комисијата треба да ја оформи листата која потоа продолжува на парламентарна сесија. Интересно е тоа што за изгласување не е потребно апсолутно туку просто мнозинство.

-Ако на претходниот состав еден од главните предизвици беше укинувањето на СЈО кој никогаш не се најде на дневен ред, пред новиот состав ќе се најде Преспанскиот договор. И за ова нормално е што до сега не се разгледувал бидејќи во овој случај потребен е полн состав на уставниот суд, треба да гласаат сите 9 судии.

-Уставен суд има многу предизвици, тука е и Законот за употреба на јазиците, особено Левица е активна со поднесување на иницијативи до уставен суд кои допрва ќе треба да се разгледуваат.

-Сепак се чувствува дека во суштина кај политичарите нема некоја јасна воља целата оваа ситуација да се реши, и најверојатно и ова сега што се случува нема до крај да биде јасно, вели за Утрински брифинг новинарката и уредник на „Фокус“, Гордана Дувњак.

Целиот раазговор погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

16 − fifteen =