Дувњак: Дали судскиот процес против Стевчо Јакимовски е монтиран или не ќе покажат фактите

You must need to login..!

Опис

Има ли правда во Македонија е редовната тема на Утрински брифинг со Гордана Дувњак. Денес разговаравме за тоа како актуелната политичка криза предизвикана од оставката на премиерот Зоран Заев ќе влијае на судството.

-Иако претходно мислев дека е политички блеф, сега сум сигурна дека Заев навистина ќе се повлече. Тоа ќе охрабри некои структури кои се инволвирани во судски процеси. Многу е поважно какво ќе биде однесувањето на судиите кои не би требало да потпаѓаат под дневнополитички расположенија, вели Гордана Дувњак за Утрински брифинг.

Гордана Дувњак/Утрински брифинг

-Сега е битно кај судиите да нема размислувања дали ќе има избори, туку да се водат од словото на законот. Прво треба да се завршат процесите од СЈО кои предолго траат. Првиот испит утре ќе го има господинот Јакимовски кој пред да го потпише документот за назначување за градоначалник, треба да се јави во судот. Граѓаните не можат да кажат дека сметаат оти неговиот судски процес е политички монтиран, како што изјави Стевчо Јакимовски, затоа што граѓаните ги немаат фактите, вели Дувњак.

Колку и судиите да не можат да бидат изолирани, не треба да потпаѓаат под општото расположение и да се водат од фактите.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

12 + fourteen =