Дувњак: Вештачењата се битни, но потребен е поголем надзор

You must need to login..!

Опис

Важна а запоставена тема е вештачењата кои се дел од сите покомплексни и покомпликувани судења а мислењето на вештаците треба да ја олесни правдата. Минатата недела имавме барање од судија за одземање на лиценца на пет вештаци.

-Вештачењата понекогаш се клучен елемент за донесување на пресудата. Некои предмети се комплицирани и вклучуваат други професии, а судиите се правници. Често се случува долго да се чекаат вештачења, понекогаш уценуваат да им се плати прво, а понекогаш се спорни или им се истечени лиценците со што може да се загрози предметот. Судот може да побара супервештачења, оти сите имаат право да побараат вештачење. Во случајот Топлик Обвинителството тврди дека вештаците излегле од својата експертиза, изјави за Утрински брифинг новинарката и уредник на Фокус, Гордана Дувњак.

-За вештаците е задолжено Министерството за правда. Според мое искуство пред два три месеца при изработка на тема имав потреба да добијам информација што се случува со едно вештачење, а станува збор за семејство на жртва на сообраќајка а виновникот е ослободен врз основа на вештачење. Дознав дека Комората на вештаци не функционира, а повеќе од две години е изминат мандатот на управниот одбор на комората.

-Битно е да имаме квалитетни вештачења, но и да не се дозволи државата да се меша. Вештачењето е многу битно за донесување одлука и затоа треба да биде квалитетно.

-Има тарифи за вештачење кои се јавно објавени. Не сум сигурна колку вештаците се држат до тие тарифи. Погубно би било за правдата ако се плаќа повеќе оти клучен е кредибилитетот, особено во ситуација кога нема контрола врз нивната работа. Сето тоа е на штета на правдата и затоа Министерството за правда треба сериозно да ги сфати забелешките за вештаците и да водат контрола.

-Некој треба да утврди ако некое вештачење било лошо. Постои можност за одземање на лиценца при груби нарушувања. Мора да има убедливи аргументи зошто тоа вештачење е такво, а не паушални оценки да се даваат. Вештачењата треба да бидат уверливи.

Целиот разговор погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

three × four =