Др.Дединец: И гас од Грција и НЦ Белене се долгорочни проекти за енергетска транзиција на државата

You must need to login..!

Опис

Каде ке биде Македонија во својот енергетски предизвик во светот во кој веројатно јагленот конечно ќе го снема, гасот како енергетско гориво веројатно ќе биде заменет со новите технологии и енергенси, меѓудругото и водородот.

Околу македонските предизвици во енергетската концепција на сопствениот развој е соработникот на МАНУ, д-р Александар Дединец, кој има докторска дисертација „Развивање на методи за планирање на одржлив развој на енергетските системи“.

Она што се случи вчера е всушност она што ни го трасира патот за понатаму. Се отвори една од електраните, фотонапонска електро-централа, која беше дел од мерките на новиот Закон за енергетика и една од поддршките за обновливите извори на енергија беше и тоа самиот производител да си ја продава енергијата на мрежа и одреден дел добива од државата, за разлика од претходно кога целиот дел го добиваше од крајните потрошувачи, вели Дединец и додава дека некаде околу 62 мегавати треба на овој начин да се изградат во Македонија.

-Она што се отвори вчера беше на приватно земјиште и беше инвестиција на ЕВН. Тоа е насоката во која треба да одиме. Инаку кога зборуваме за транзицијата, ние на некој начин започнавме со неа. Ако се гледа производството на електрична енергија кај нас ќе видиме дека од 2010 па се до 2017 имаме комнтинуирано намалчување на прозводство на електрична енергија од термоелектраните на јаглен. Значи започнат е трендот на транзицијата, но би рекол дека не го правиме тоа умешно, затоа што со намалувањето на производството на електричната енергија од термо-електраните требаше паралелно да се отвараат и нови капацитети кои би го надокнадиле она што е намалено кај термо-електраните, вели Дединец.

Целиот разговор погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

three × one =