Дрпљанин: Нема простор за триумф во тоа што обвинетиот се јави сам, бидејќи ова само по себе е скандалозно и надвор од сите правни рамки

You must need to login..!

Опис

Ги немаме сите податоци, но имаме доволно од тоа што е изнесено и мислам дека може да се направи генерална слика.

Дефинитивно има пропусти. Кога се појавуваат првите индиции дека постои можност од бегство, поминале дури 24 часа до моментот да се изготви решение за домашен притвор. Во тие 24 часа може да испланирате многу работи, па и да испланирате бегство, така што пррпустите мора да се истражат. Нема простор за триумф во тоа што обвинетиот се јави сам, бидејќи ова само по себе е скандалозно и надвор од сите правни рамки како се води една кривична постапка, изјави во Утрински брифинг Вилдан Дрпљанин, правен советник во Хелсиншкиот комитет.

Ова доаѓа после еден долг процес на ненаучени лекции. Повторно никој не се чувстува одговорен и гледаме пинг понг помеѓу институциите. Првенствено мислам дека постапувањето на ЈО морало да биде поекспедитивно, бидејќи станува збор за висок профил на случај и апсолутно требало да има побрзо дејствуање во однос на дејствијата што се преземеаат. Тука не се исклучуваат и МВР и АНБ. Планот за проценка и колку се способни да го обезбедат присустото на обвинетите АНБ го прави во координација со МВР. И во ваков контекст една Агенција да нема информација, а индивидуии да имаат е навистина проблематично, бидејќи поентата на таа Агенција (АНБ) е да ги добива тие информации и да ги пренесува до наделжните институции, вели Дрпљанин.

Целиот разговор погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

twelve − 9 =