Државен испитен центар: Нити еден матурант не отсуствуваше од полагање поради коронавирус

You must need to login..!

Опис

Ниту еден пријавените 15.294 матуранти не отсуствувал од полагањето на државна матура поради изолација како последица на коронавирус, информираше денеска во Утрински брифинг директорката на Државниот испитен центар, Елизабета Наумовска.

-Од информациите кои ги добиваме од терен, досега ниту еден ученик не се пријавил дека ќе отсуствува од тестирањето поради изолација или затоа што е позитивен на коронавирус. Сепак ние овозможуваме доколку има такви ученици со приложено решение за изолација од Центарот за јавно здравје за себе или за член од семејството, да го достават до училиштето а тоа ќе го проследи до нас. Ние за тие ученици ќе овозможиме дополнителен термин за полагање на државна матура на 25 и 28 јуни, информира Наумовска.

Таа сепак кажа дека од тестирањето отсуствувале мал број ученици, но поради други причини и болести. За нив нема да важи можноста за полагање на 25 и 28 јуни, туку ќе треба да го чекаат августовскиот испитен рок. На 11 и 13 август ќе можат да полагаат и матурантите кои нема да положат некој од предметите во јунскиот испитен рок.

-Тестовите беа коректни, како што се договаравме со Сојузот на средношклци, немаше трик прашања. Материјалот ќе се подели до екстерни оценувачи избрани на конкурс. Тие до 25 јуни ќе ги прегледуваат тестовите кои се потпишани со бар код, наместо со име и презиме за да се задржи објективноста при оценувањето, објасни Наумовска.

Од вкупниот број пријавени, 7.050 се од гимназиско образование, 7.983 од средно стручно образование и 261 од средно уметничко образование. Македонски јазик и литература ќе полагаат 10.848 кандидати, албански јазик и литература 4.078, 272 – турски јазик и литература.

Вториот екстерен испит, кој е изборен, е закажан за 11 јуни. Учениците се определиле да полагаат англиски, германски, француски јазик, естетика, филозофија, а најмалку се пријавиле да полагаат математика, односно само 1.530 ученика.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

one × 2 =