Државата мора да има ефикасни институции, соодветно законодавство и со сите средства да се влијае на подигање на свеста кај луѓето за авторските права

You must need to login..!

Опис

Вчера во Скопје се одржа голема конференција за надополнување на Стратегија за интелектуална сопственост на РСМ 2022/26. Во тек е проект за креирање на таа Национална стратегија. Во Утрински брифинг разговаравме со координаторот на оваа стратегија Жељко Топиќ, кој е експерт за интелектуална сопственост, и Валентин Пепељуговски, адвокат кој се занимава со прашања поврзани со интелектуална сопственост.

-Вчера беше голем ден за нас, можевме да го претставиме овој проект кој има европско знаменце и е еден од приоритетите на нашата држава, вели Пепељуговски.

Кога Хрватска стана членка на ЕУ, медиумите доживеаја шок при преминот од лежерно толкување на авторските права до строго регулирани авторски права.

-Во Хрватска имавме континуитет во законите за авторски права и бевме прва земја што пристапуваше во ЕУ што го имаше тоа поглавје за ускладување на прописите за авторското и сродните права. Така што тој шок не беше тектонско пореметување, вели Топиќ.

Кај нас не е толку лоша состојбата со авторските права, но стратегија ни е потребна затоа што институциите кај нас стареат. ЕУ постапувала по Заводот за индустриска сопственост за воспоставување на стратегијата.

Државата мора да има ефикасни институции, соодветно законодавство и со сите средства да се влијае на подигање на свеста кај луѓето за авторските права, вели координаторот на оваа стратегија Жељко Топиќ.

Еден од предлозите во стратегијата е судовите да се специјализираат во делот на патентите, односно да има по еден суд на сите инстанци со обучени судии за оваа проблематика.

Проследете го целиот разговор во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

12 + 5 =