Драганов: Пратениците да обезбедат соодветни начини граѓаните да може да пристапат до нив

You must need to login..!

Опис

Кај нас многу распространет е оној страв, срам или некоја стравопочит од некој што носи функција позади себе и тогаш е потешко да му се обратите кога некој има таков став. Прво што би ги поттикнал граѓаните да бидат проактивни, нема ништо страшно па дури и да не добиете одговор, на крајот вие сте го направиле она што зависи од вас, пратениците се тие што треба да го направат она што зависи од нив.

Сепак живееме во еден дигитален свет сега, не живееме во деведесетите години каде што тој отворен ден треба да го замислиме дека сите сега треба да се собереме тука пред Собранието и да ги чекаме пред канцеларија да влеземе, меѓутоа и пратениците треба да бидат проактивни за да обезбедат соодветни начини, модерни, како да можеме ние да пристапиме до нив, изјави за УБ независниот консултант Мирослав Драганов.

Целиот разговор погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

4 × 5 =