Драгана Дрндаревска: Бараме сите сторители од „Јавна соба“ да ги видиме во затвор

You must need to login..!

Опис

Платформата за родова еднаквост по одржаната прес конференција пред Министерството за внатрешни работи не се откажува од своите барања – симболично до 8 март сите сторители, а не само оние што се осомничени за детска порнографија да одговараат за своите криминални дела.

„По протестот за расчистување на случајот „Јавна соба“, Министерството за внатрешни работи ни изрази поддршка со едно соопштение, медиумите го пренесоа и на тоа се заврши. Но нашите барања се конкретни и нема да се задоволиме само со декларативна поддршка. Не сме задоволни од начинот како постапи полицијата. Сакаме примена на законите, сакаме во практика да видиме заштитени жени и сторители на родово засновано насилство, криминалци во затвори со ефективни казни согласно законите и Истанбулската конвенција, која што не е доволно само да се ратификува туку треба и да се спроведе. Досега се гонат сторители на кривичното дело – производство и дистрибуција на детска порнографија.

Ние не сме против да се гонат сторителите на ова дело затоа што така се штитат малолетничките девојки во овој случај, меѓутоа доколку ги гоните сторителите само на ова дело, не им признавате статус на жртва на возрасните жени, а има повеќе членови од кривичниот закон кои можат да се употребат за да се гонат сторителите и да се заштитат и полнолетните жртви. Во спротивно, пораката повторно е: „сама си го барала“. Го имате сведоштвото на Ана, една од жртвите која јавно кажа дека полицијата не го валоризирала нејзиното искуство и и’ било кажано дека сама си е виновна за фотографиите, ја цитирам изјавата на Ана“, вели за Утрински брифинг, Драгана Дрндаревски од Коалицијата „Маргини“, членка на Платформата за родова еднаквост. Таа нагласи дека овие сознанија не се само од случајот „Јавна соба“, бидејќи Платформата ги следи овие состојби со години наназад, нуди бесплатна правна помош, психо-социјално советување и други услуги за жените жртви на родово засновано насилство.

„Така што овој однос на полицијата го имаме утврдено и од претходно, во многу повеќе случаи. Клучно е полицијата да постапува. Да видиме насилник ставен зад решетки и жртва која е заштитена низ целиот систем. Тоа е едниствениот начин со којшто жртвите ќе добијат доверба во системот. Но, исто така и професионалниот однос од страна на полицијата, каде има непотизам и се случува сторителот да фати врски и да биде заштитен тој а не жртвата“, додава Дрндаревска . Платформата бара и конечно да започне со работа телото Омбудсман Плус и да се создадат услови тоа да стане ефективен и независен механизам за граѓанска контрола на полицијата.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

4 × two =