Дојчиновска: Идејата на Законот за лобирање е да им се даде на умешните луѓе да влијаат, а целта е да има транспарентност

You must need to login..!

Опис

Лобирањето станува високо профитабилна дејност во светот, а особено во Америка. Во Македонија имаше обид да се донесе таков закон за лобирање, а сега на иницијатина на претседателот Стево Пендаровски оваа идеја повторно се става на маса. Во отсуство на култура на чесност и морал, лобирањето се идентификува со мито и корупција, па веројатно оттука контролниот механизам на спроведувањето на овој закон ќе биде ДКСК.

-Ние не сме спремни и не сме зрели за ваква работа затоа што неколкуте закони од корпусот закони за спречување на корупцијата тешко се спроведуваат. За сето време на постоење на законот за лобирање ние имавме само еден регистриран лобист, кој во суштина и не лобирал. Лобирањето треба да биде вршење влијание врз власта д носи закони во полза на граѓаните, вели за Утрински брифинг антикорупциоерката Софија Дојчиновска, надлежна за спроведувањето на овој закон.

Таа вели дека досега нема пријавено ниеден лобист од причина што законот е донесен во јули 2021 година со грејс период за примена од една година.

-Ние како ДКСК имавме обврска да ги донесеме подзаконските акти кои се содржани во законот а се поврзани со работењето на лобистите. Според законот, за лобист може да се регистрира физичко лице, државјанин на РС Македонија и да приложи документи во кои ќе ги даде сите лични податоци и областа во која ќе лобира и дека не е во спротивност со двата ограничувачки члена. Функционери и лица вработени во администрацијата не можат да бидат лобисти три години по завршувањето на функцијата. И правни лица можат да се регистрираат со лобисти и важат истите правила, вели Дојчиновска.

Дојчиновска вели дека е јавна тајна оти лобирање има и сега, а пример се енергетските закони, но тоа не може да се докаже. Идејата на законот е да им се даде на умешните луѓе да влијаат, а целта на законот е да има транспарентност, вели Дојчиновска.

-Обврски има и лицето кај кое се лобира. Тоа мора да направи записник, да го идентификува лицето, колкав надомест земал и така натаму, вели Дојчиновска.

Целиот разговор погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

20 − nineteen =