Доц. Д-р. Кртолица: Една изборна единица поседува голем број на слабости и може да доведе до понатамошно блокирање на институциите

You must need to login..!

Опис

-„Пржинската Влада“ дојде во еден многу специфичен период, во време на една голема политичка криза, со идеја дека најголемата опозициска партија ќе учествува во организацијата на изборите. Од ваквото решение гледаме дека не сме имале доверба дека институциите имале кредибилитет да спроведат регуларни избори, изјави за Утрински Брифинг Доц. Д-р. Марко Кртолица.

-За едно сум убеден дека политичката состојба сега е драстично различна, јас се уште имам сомнеж дали институциите се подготвени. Мислам дека е дојдено време да ја тргнеме „Пржинската Влада“.

-Можеби е добро време да се коментира изборните промени. Една изборна единица е постојано прашање кое се провлекува и идеја на малите политички партии кои сметаат дека од тоа би добиле повеќе пратенички позиции.

-Во принцип една изборна единица содржи сама во себе голем број слабости. Се има впечаток дека малите партии се премногу лојални на своите политички коалиции. Не верувам дека е подобра опција од моменталната. Сметам дека може да доведе до блокирање на институциите. Мене ме плаши моментот дека поголем број политички партии внатре ќе го отежнат составувањето влада и може да се доведеме многу често да бидеме без Влада.

Една изборна единица ќе го запостави регионалниот пристап. На Пример може да се доведеме до ситуација во која можеби дури 80 пратеници ќе бидат од Скопје а со тоа да се дојде до маргинализација на останатите региони.

Кога се заговара една изборна единица природно се наметнува и изборниот праг… Очекувам дека големите партии ќе го отворат прашањето за задолжителен праг, вели за Утрински Брифинг Доц. Д-р. Марко Кртолица.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

five × 1 =