🎥 Д-р Дохчев: Кај еден од двајцата пациенти е отфрлен пресадениот бубрег

You must need to login..!

Опис

За жал вчера едниот трансплантиран бубрег не профункционира и моравме да го извадиме. За другата пациентка немам што да кажам, поминавме одлично без компликации и веќе вториот ден се нормализираа оние деградациони продукти во крвта кои се параметар за успешноста на трансплантацијата и таа е добро. Кај пациентот од кој го извадиме трансплантираниот бубрег од старт имавме проблеми и дилеми дали воопшто да почнеме со трансплантацијата, затоа што од самиот почеток знаевме дека едниот од бубрезите кај кадаверот беше помалку вреден. Но сепак се одлучивме да помогнеме на уште еден пациент, кој беше на листата на чекање.

Кај овој пациент имавме сознание дека крвните садови се проблематични, но сепак го прифативме ризикот. Само од должината на операцијата можете да замислите со какви проблеми се соочувавме – девет и пол часа. Проблем беше што не можевме да најдеме прикладна вена. Успеавме некако да најдеме и да го поврземе бубрегот со артеријата и се израдувавме. Првите капки на урина ги добивме при самата операција. Тоа беше голема радост за сите нас. После 11 минути од пуштањето на крвотокот во бубрегот успеавме и добивме успешна диуреза. Помисливме дека во подоцнежниот период ќе почне да профункционира бубрегот уште подобро, но за жал онаа дискрепанца меѓу дотокот на крв во бубрегот и помалиот одвод на крв направи проблем, изјави во Утрински брифинг Д-р Сашо Дохчев, директор на Урологија.

Живата трансплантација од жив дарител е многу почувствителна, но е посигурна бидејќи имаме работа со пациенти кои се релативно кратко на дијализа или се пред да се вклучат на хроничната програма на дијализа. Што е подолга дијализата толку се послаби крвните садови и сите органи во организмот се оштетуваат а највеќе крвните садови на пациентите. Морам да кажам дека имаме обиди да се вмрежиме во тој еуротрансплант механизам, најголема европска организација на здружени земји каде има размена на органи што е олеснителна околност за сите.

Пробуваме преку менторство од Хрватска која е лидер во трансплкантацијата на бубрези во ЕУ, вели Д-р Дохчев и додаде дека е потребна многу поагресивна кампања за да се подигне таа општа граѓанска свест за донирање на органи.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

ten − three =