Достовски: Канабисот да се тргне од листата на наркотици, тоа е лек што се користел и во минатиот век

You must need to login..!

Опис

Темата за легализација на употребата на канабисот не е нова. Прашање е дали ќе се помрдне што во однос на законодавството. Програмата на новата влада на премиерот Ковачевски вели дека треба да дојде до промена на законодавството во однос на употребата на канабисот за лични потреби во смисла на алтернативна медицина.

-Канабисот не е алтернативна медицина туку е примарна медицина која во вид на екстракти се користеле до пред војната. Канабисот е некој вид панацеа, лек за повеќе болести и во нашата група ние ги споделуваме тие информации. Веќе пет години имаме закон за медицински канабис, а луѓето сѐ уште на интернет се обраќаат барајќи помош за своето здравје наместо тоа да го прави медицинскиот систем, вели за Утрински брифинг активистот Филип Достовски.

Тој додава дека точно во милиграми се знае дозата за секоја медицинска состојба, но препаратите во аптеките во Македонија ги немаат соодветните концентрации за лекување туку служат само за ублажување на симптомите.

-Оние препарати кои тука се наменети за канцер имаат концентрација која е доволна за други болести. Практично, пациентите болни од канцер не добиваат доволна количина на концетрација на лек од масло од канабис кој би им помогнал, вели Достовски.

Многумина се обраќаат кај Достовски и „Зелена алтернатива“ барајќи спас за својата болест, иако е тоа нелегално. Апсурдно е што се апсат луѓе со масло од канабис што им треба за деца, а канабис се продава масовно. Апсурдно е што и луѓе кои се вработени во фармацевствата индустрија бараат помош од „Зелена алтернатива“.

-Апсурдно е штои мене луѓето ми се обраќаат мене, оти јас не сум лекар, вели Достовски.

Легализацијата или декриминализацијата е важна затоа што ќе го смени финансискиот тек на дравата. Канабисот се користи за многу работи не само за медицински цели, вели Достовски и додава дека производството на канабис се монополизирано.

Владата најавува промени на законот за декриминализација на канабисот. Достовски оценува дека овие предлози се лаички и дека првото нешто што треба да се направи е да се тргне канабисот од листата на наркотици. Тој вели дека проблем ќе се појави со сегашните производители на канабис кога ќе се дозволи секој да може да одгледува три билки за свои потреби или онолку билки колку што се неговите потреби, затоа што тие ќе се побунат дека нема кому да продаваат.

-Ние имаме предлози за кои знаеме дека се добри и јавно ги изнесуваме во нашата Фејсбук група која има над 30 илјади членови. Впрочем, и сегашните владини предлози потекнуваат од „Зелена алтернатива“ од времето кога соработуваа со нас. За секоја од ставките за која треба да се носат промени треба да се види на улица и во пракса и да се направат елаборати. Законодавците не знаат како стојат работите во пракса затоа што луѓето се кријат оти е нелегална неговата употреба, вели Достовски.

Целиот разговор погледнете во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

four × four =