Долг пат за изводи од матичните книги – гостин во УБ, портпаролка на Управата за водење матични книги, Битровска

You must need to login..!

Опис

Голем број документи на документи кои се потребни за многу работи (извод од матична книга на родените, умрените, венчаница). Документи кои порано се вадеа за пет минути, сега граѓаните чекаат подолго време да ги добијат.

За тоа која е процедурата, дали и каде е проблемот гостин во Утрински брифинг беше Катерина Битровска , портпаролка на Управата за водење матични книги.

– Управа за водење на матични книги функционира преку 8 подрачни одделенија, 26 подрачни канцеларии и 135 месни канцеларии во руралните населени места. Не е ништо сменето, туку причина е пандемијата која се одразува на работата на Управата. Сега само електорнски се поднесуваат барања за родени, умрени. треба да се следат упатствата кои ги има на нашата веб страна.

– Мора да се има предвид дека и нашите вработени ротирираат, бидејќи се во директен контакт на шалтерите. Се надевам дека граѓаните ќе имаат трпение.

– Кога аплицирате електронски имате опција да подигнете на шалтер или по пошта да ви пристигне дома. Втората услуга се наплаќа 100 денари. Единствен проблем кој што го налага и Законот за матична евиденција е задолжително присуство на еден од родителите при запишувањето на новороденче и вадење на прв извод. Тука родителите не може електронски да аплицираат, туку мора лично, вели Битровска и додава дека кога се работи за постари лица тие можат преку издавање полномоштво на своите најблиски да им дадат дозвола во нивно име да ги вадат овие документи, вели Битровска.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

12 + fifteen =