🎥📞🌧 Дожд, грмежи и засилен ветер – Славчо со детална анализа

image

You must need to login..!

Опис

До крајот на денов во државава ќе имаме променливо облачно време со повремен локален дожд. Локално ќе има услови и за нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Ќе дува умерен, особено долж повардарието повремено засилен ветер од северен правец, максималните дневни температури на воздухот ќе се искауваат во интервалот од 15 до 22 степени, што значи дека истите и понатаму ќе бидат под просекот за овој дел од годината.

Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно со услови за локален краткотраен дожд и ретки грмежи. Ќе дува умерен, повремно засилен ветер од северен правец, максималната дневна температура на воздухот се очекува да се искачи до околу 19 степени.

И во следните денови времето ќе се задржи променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. На некои места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Температурите и понатаму ќе останат пониски од вообичаените за овој дел од годината. Истите понатаму ќе се искачуваат во интервалот од 16 до 24 степени.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

1 × five =