Додева: Национална стратегија за борба со ракот, не за во фиока туку за конкретни резултати

You must need to login..!

Опис

Целта на здружението „Борка“ е да ги едуцира граѓаните дека ракот е излечива болест.

Министерството за здравство е отворена институција со која соработуваме за донесување на 5-годишна национална стратегија за превенција, детекција и третман на ракот, потенцираше во денешното издание на Утрински Брифинг, првата жена од Борка, Биба Додева.

Во поглед на тоа каде Македонија стои на глобално ниво при борбата против тешката болест, Додева оценува – кон вистинскиот правец.

„Каскаме. Во последните две-три години направени се напори да се следат протоколите за овие три сегменти од борбата против ракот.

„Борка“ се труди да прави што повеќе едукација. Да ги информира граѓаните да ги користат сите бесплатни прегледи и здравствени програми. Тие програми пак треба да претрпат промени. Сепак има отвореност од страна на релевантните институции и сметам дека се движиме правилно“,

Биба Додева

Во однос на стратегијата, за која вели од Министерството за здравство имало транспарентна соработка, Додева потенцира дека тоа не смее да биде само стратегија за во фиока. Напротив, план кој ќе резултира со конкретни промени.

Во пресрет на денешното одбележување на Светскиот ден на борбата против ракот, глобалната порака гласи „I can and I will“ (Јас можам и јас ќе) со цел да се поттикне ангажираност кај луѓето.

Здружението од 2010 година постојано ги стимулира заболените од рак да не се срамат при физичките промени во својата борба. Минатата година пак, додели над 100 перики, особено за жените кои се од ранлива категорија.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

10 + fourteen =