Добитничката на признанието „Успешни млади“, Моника Ѓорѓиева за УБ: Научната фела мора да биде потранспарентна во комуникацијата со јавноста

You must need to login..!

Опис

Претседателот Стево Пендаровски денеска за прв пат го додели признанието „Успешни млади“ на 8 добитници, во рамки на проектот инициран за поттикнување на научната, истражувачката и креативна работа на младите луѓе од земјава. Во своето обраќање тој изрази уверување дека преку оваа иницијатива ќе се придонесе кон вреднување на трудот и знаењето на младите, зголемувајќи ја мотивацијата за нови достигнувања на младите научници, таленти, уметници, креативци и ќе ги охрабри да продолжат да го вложуваат својот труд и да го развиваат својот талент.

-Тоа беше признание за кое имаше јавен повик објавен минатата година. Имаше повеќе категории – категорија најдобар научник во медицинските науки, иноватор, артист итн… За да се пријавиш беше потребно да имаш помалку од 35 години и да имаш македонско државјанство. Јас ги пратив моите научни трудиви и Коисијата одлучи дека моето досие е најдобро.

Моментално работам на Универзитетот во Женева, како пост-докторант истражувач. Работам на негеномски промени во црниот дроб, што значи работам на микро РНК молекули кои што имаат многу важни функции во црниот дроб, изјави во Утрински брифинг Моника Ѓорѓиева.

Гледам, послебно со пандемијата, на луѓето им е тешко да имаат 100% доверба во истражувачите и вакцините. Од една страна, мислам дека проблемот е дека било кој може да напиша било што на интернет, но исто така сметам дека и научната фела мора да биде повеќе вклучена во комуникацијата со јавноста, да биде потранспарентна, бидејќи јавноста не е запознаена како се одвиваат овие процеси. За било каков истражувачки проект мора да имаш хипотеза базирана на претходни трудови и со различни експериментални процедури треба да или да ја докажеш или да ја поништиш оваа хипотеза. Научниците најчесто излегуваат пред јавноста кога ќе најдат нешто големо. Но за да се стигне до тоа има многу процеси на елеминицаија кои јавноста не ги гледа и можеби затоа луѓето се со резерви во прифаќањето на вакцината, вели Ѓорѓиева.

Целиот разговор со Ѓорѓиева погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

5 × three =