Дисоска: Жените подомаќински ги водат бизнисите и треба да имаат поголем пристап до фондовите

You must need to login..!

Опис

Националната платформа за женско претприемништво ќе организира прв меѓународен самит на кој ќе присуствуваат домашни и меѓународни гости од светот на женското претприемништво кои ќе зборуваат на темата „Меѓународни искуства и успешни приказни во поддршка на женското претприемништво“.

„Во последната година имаме доволно сработено за да поставиме барања за промена на ситуација онаква каква што е сега, а гостинките од странство на самитот ќе ги пренесат своите меѓународни искуства. Исто така многу работиме на поврзување на женските бизниси затоа што знаеме дека синџирот на соработка е многу важен за растот и развојот на компаниите. Тоа и го овозможуваме помеѓу Здружението на бизнис жени, Сојузот на стопански комори, Федерацијата на фармери и Фондацијата за менаџмент и индустриско истражување, кои што сме партнери во оваа платформа. Ние ја градиме таа бизнис фела за меѓусебно помагање што се покажува како многу добро и ефикасно. Барањата што ги имаме се за институциите за да создадат овозможувачка околина за развој на бизнисите. Ја направивме стратегијата за женско претприемништво, од неа произлегува акцискиот план кој е тесно поврзан со националната платформа. Она што сакаме да го постигнеме е да се постави женското претприемништво на повисоко ниво во можностите за развој. Затоа што ако сега погледнеме како се опфатени стартап компаниите, иновациските компании – тоа истото го бараме да се преточи и во женско претприемништво. Тоа значи ако ставием одреден фонд и буџет со кој што ќе располагаат жените претприемачки и да им дадеме ветер во грб, сигурна сум дека ќе имаме многу добри резултати затоа што со истражување докажано дека жените многу подобро ги менаџираат финансиите и растот во компаниите доколку некој сака и им даде поттик во финансиска смисла, затоа што најчесто проблем на женските бизниси е пристапот до финансии“, вели за Утрински брифинг, Валентина Дисоска, претседателка на Националната платформа за женско претприемништво.

Таа кажа дека од вкупниот број на претприемачи во Македонија, околу 35 проценти ги водат жени, меѓутоа обртот на компаниите е околу 10 проценти, што значи дека станува збор за микро и мали бизниси на кои треба да им се обрне посебно внимание од страна на институциите и дека е потребна позитивна дискриминација кога се работи за пристап кон фондовите за помош на започнување и развивање на компании

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

five × 4 =