Дисовска: Националната платформа за женско претприемништво ќе им помогне на жените кои почнуваат бизнис

You must need to login..!

Опис

Националната платформа за женско претприемништво која неодамна беше промовирана има за цел да ги соедини сите активни чинители што можат да помогнат за развојот на женското претприемништво и да направи добра подлога за развој на женското претприемништво, рече денеска во Утрински брифинг, претседателката на платформата, Валентина Дисовска.

-Во рамки на Националната платформа за женско претприемништво ќе работиме на развој на политиките и условите и ќе бараме поголема отвореност за вклучување на жените во бизнисот како и посебни услови во тендерските постапки. Ќе работиме на национално ниво и на зајакнување на капацитетите и на други организации низ целата држава кои што ќе можат да работат на локално ниво за зајакнување на жените претприемачи. Важно е да се разбере зошто е важно да се зајакне женското претприемништво, објаснува Дисовска.

Неофицијално, околу 33 проценти од бизнисите во државава ги водат жени.

-Од вкупниот број на претприемачи во Македонија, околу 33 проценти ги водат жени, меѓутоа обртот на компаниите е околу 9 проценти, што значи дека станува збор за микро и мали бизниси. Токму на нив треба да им се посвети внимание за да направат раст и развој на нивните бизниси. За жал, кај нас се уште има стереотипи и предрасуди, се случува кога одиме на состанок да побараат средба со газдата, сметајќи дека жена не може да биде газда. Но, статистичките податоци и истражувања покажуваат дека жените бизнисите ги водат подомаќински. Единствено на жените им треба поддршка од семејството од сопругот и семејството околу грижата за домот и децата, за да можат да се посветат на градење кариера. Има истражување кое вели дека жената секојдневно троши 3,6 часа од своето време  за средување на домот, тоа е време  кое мора да го поделат двајцата сопружници, за да и се олесни  патот на жената претприемач кон успехот, вели Дисовска.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

two × one =