Директорот на Кумановскиот театар ги отфрли обвинувањата дека барал да се продолжи со работа

You must need to login..!

Опис

Актерската екипа не е повикана да доаѓа на работа, туку со по едно лице од техниката се договоривме неделава да го отвораме театарот по час два бидејќи долго време е затворен, одговори утрово директорот на Кумановскиот театар, Сашо Тодоровски, на обвинувања дека ги повикал вработените на работа во услови на пандемија.

„Театарот во Куманово минатата недела воопшто не работеше, бидејќи во услови на пандемија нема потреба за такво нешто, но се слушнав со претпоставениот на техниката и решивме од понеделник да ја отвориме зградата по час два…по еден човек доаѓа од техниката… не станува збор за враќање на актерската екипа на работа“, вели Христовски.

Тој, меѓу другото, се пофали дека идејата за онлајн-претстави во време кога граѓаните седат дома, всушност  е започната од кумановските актери.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

4 × one =