Директорката на „Илија Николовски-Луј“ за УБ ги демантира обвинувањата на нејзина адреса

You must need to login..!

Опис

-Вистината мора да излезе на виделина. Јас сум назначена за в.д директор во јуни 2021 година. Од тогаш до ден денес, заедно со мојот колектив работиме на воспитно-образовниот процес според годишната програма на училиштето. Во Центарот има 250 вработени од кои што 200 наставници се задолжени за наставата на 1.800, а можеби и повеќе, ученици кои ја изведуваат наставата на македонски и на албански јазик, изјави за Утрински брифинг Даница Стојанова, директорка на ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“.

-Откако ме назначија, јас работам тимски, тоа е мојот стил, значи направени се стручни комисии, координативни тела, имаме администрација, педагошка служба, наставнички и училишен совет и сите тие имаат свои задолженија.

-Да се разбереме- директорката не може да набави ништо. Во Центарот си постои стручна комисија за јавни набаавки. Таа е од членови вработени во училиштето – Снежана Проковиќ како претседател, Николина Ефтимова Тодоровска член и Симеон Стефковски кои ја спроведуваат постапката за јавни набавки на пиано, вели Стојанова.

Целиот разговор погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

4 × 1 =