Дино паркот во Скопје-нова атракција за најмладите

You must need to login..!

Опис

За само два дена од отворањето, Дино паркот го посетиле околу 8.000 посетители, што е показател за неговата атрактивност, рече денеска во Утрински брифинг директорот на Зоолошката градина, Ѓорѓи Галетановски.

-Ме радува тоа што посетителите внимаваа на протоколите, скоро и да не можеше да се сретне некој без маска, се одржуваше ред и дистанца. Позитивни се реакциите на граѓаните, верувам дека им се допаѓа Дино паркот, вели Галетановски. Во врска со негативните реакции поврзани со вредноста на чинење на паркот, тој смета дека со оглед на големината и бројот на експонати, како и трошоците за изработка и транспорт, сумата од околу 320.000 евра воопшто не е висока.

– И до мене стигнаа коментари дека средствата можело да се наменат за нешто друго, тоа е точно, секогаш средствата можат да се наменат за нешто друго, но треба да се има во предвид дека проектот за Дино паркот беше завршен во 2018 година, јавната набавка беше во 2019 година. Тогаш се уште немаше пандемија. Од друга страна сметам дека од продажбата на билети потрошените средства ќе ги вратиме за околу две години. Но, сметам дека сумата од околу 320.000 евра не е голема ако се земе предвид дека во неа е пресметана изградбата на објектот и набавката на експонатите, објаснува Галетановски.

Експонатите се работени во Кина, а потоа во делови се пренесени во Македонија. Директорот на ЗОО сметал дека диносаорусите треба да бидат на дофат на децата и затоа не поставил високи огради, но сега се плаши дека можно е да има оштетувања поради некоректно однесување.

– На површина од околу 2.000 метри квадратни распоредени се 41 експонат, а дел од нив се со звучни ефекти. Планираме да направиме и едукативни тури за најмладите. Меѓутоа се плашам дека можно е да настане оштетување кај диносаурусите поради непримерно однесување на посетителите, за што најмногу им забележувам на родителите, бидејќи тие треба да реагираат кога нивните деца се однесуваат непримерно.Но, во секој случај во најскоро време планираме да поставиме и обезбедување за да ги спречиме евентуалните оштетувања, информира Галетановски.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

two × five =