Дина Дума: Новите македонски филмови и’ се допаѓаат на европската публика

You must need to login..!

Опис

„Сестри“, првиот долгометражен филм на режисерката Дина Дума е избран во конкуренцијата за награди на филмскиот фестивал во Карлови Вари.

„Филмот е избран во едната од двете програми што се натпреварувачки, тоа е програмата „Источно од Западот“, станува збор за компетиција за прв или втор игран филм и се натпреваруват вкупно 12 филмови кои потекнуваат од Источна Европа, Балканот и некои други држави. Всушност, ова е дебитантски филм за поголемиот дел од креативниот тим и навистина ми е драго затоа што целава екипа работиме заедно од студентските денови и еве се случи и првиот игран филм да го направиме заедно. Не би можела да кажам точно на што се должи успехот на новите македонски филмови, најверојано има врска со тоа што се занимаваме со современи теми, кои се привлечни и автентични и будат интерес кај европските гледачи. Филмот ја обработува темата на токсично пријателство, но во суштина станува збор за сајбер булинг и врсничко насилство што е многу честа појава кај младите.

Ја избрав таа тема бидејќи и мене ми е блиска и би сакала тоа искуство да допре публиката, темата ми е блиска затоа што имав лично искуство како тинејџерка, но дополнително ја истражував во процесот на правењето на филмот и сфатив дека навистина тоа е се’ повеќе е присутно кај тинејџерите“, вели за Утрински брифинг, режисерката Дина Дума. Во главните улоги настапуваат Антонија Белазелкоска и Миа Жиро. Продуцентка е Марија Димитрова, кинематографер е Наум Доксевски, монтажер Мартин Иванов, сценографијата е на Кирил Спасевски и Симо Бранов, костимите на Роза Трајческа-Ристовска, а шминката е на Жанета Димитриевска. „Сестри” е поддржан од македонската Агенција за филм и е регионална копродукција заедно со Црна Гора и Косово.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

eleven − 2 =