Димушевска: Пандемијата го уназади тоа што беше постигнато во борбата против насилството врз жените

You must need to login..!

Опис

Унапредувањето на системот на заштита на жените и децата, жртви на насилство се движеше во позитивна насока во периодот по ратификацијата на Конвенцијата од Истанбул, а во 2018 и 2019 година беше подготвен и националниот акциски план за усогласување со истанбулската конвенција. За жал, со почетокот на пандемијата, ситуацијата е уназадена, бидејќи фокусот на сите надлежни институции, Министерството за труд и социјала, Министерството за здравство и другите беше насочен кон справувањето со предизвиците кои произлегоа од појавата на Ковид-19, смета Елена Димушевска, извршна директорка на „Глас против насилство“ – Национална мрежа против насилство врз жените и семејно насилство.

„И по сите наши апели и барања до институциите да не ја забораваат оваа ранлива категорија за која пандемијата го зголеми ризикот за нивното здравје и безбедност, поради карантините, полициските часови и другите мерки, за жал нивниот одговор беше многу слаб и недоволен. Не се подобри одговорот на инстиуциите ниту кога се пријавува насилство и да се врати барем на она што беше претходно. Националниот акциски план беше усвоен и почна да се импементира, но како што почна пандемијата, речиси ниту една активност не е завршена од оние кои што беа предвидени во овој рок, а и оние кои се работат течат многу бавно.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

three × five =