Димов: Попис 2021 – „Не се плаши и не се срами од тоа што си Ром“ за системски трајни решенија

You must need to login..!

Опис

Нас како мрежа составена од 16 невладини организации заедничка цел е да им помогнеме со системски трајни решенија на нашите Роми. Работиме повеќе од 4 години со лицата кои се без документи. Добивме и Закон кој го поднесе Министерството за труд и социјална политика, заедно со нашата мрежа,а помогна и Министерството за правда. Нашата мрежа стана и промотор на многу работи кои се одвиваа и кои ќе се одвиваат, изјави во Утрински брифинг Зоран Димов, дел од мрежата „Ситемски трајни решенија“.

Се занимаваме со правните регулативи, економскиот, образовниот и социјалниот програм. Нашата мрежа работи активно и од почетокот на пописот. Имаме и кампањата „Не се плаши и не се срами од тоа што си Ром“. Сето ова е затоа што имаме сознанина дека е украдено од бројката на Ромите во пописот 2002. Сакаме да се вратат тие бројки, односно да се прикаже реалниот број на Роми. Ромите сфатија дека акциските планови и стратегиите се базираат врз бројките од населението, вели Димов.

Целиот разговор погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

5 − four =