Димовски: Пратениците до четврток да го изгласаат законското решение – недела неработен ден, работникот не може да чека, ќе има генерален штрајк

You must need to login..!

Опис

Сојузот на синдикати на Македонија најавува Генерален штрајк доколку пратениците не ги изгласаат измените во законот за работни односи со кои недела станува неработен ден.

-Ние како ССМ чекавм џентлменски да поминат овие избори, да се верифицираат мандатите на градоначалниците и советите, да се соберат пратениците во собрание и да го изгласаат законот со кој недела ќе стане неработен ден и тие да што ќе работат ќе бидат платени за тоа. Но тоа не се случи. Нас политиката не не засега, ние сме тука да го заштитиме работникот да му обезбедиме пристојни услови за работа и пристојна плата, дециден е претседателот на ССМ Дарко Димовски во гостувањето на Собрание.

Запрашан за новите околности кога во собранието се крчка ново мнозинство и тоа како приоритено во работата на пратениците, Димовски вели:

-Се уште имаме влада и собрание. Пред сите други работи треба да бидат измените на Законот на Законот за работни односни за недела неработен ден. Не тактизиравме, туку понеделнички рано сабајле побаравме да го спроведат ова. Нема причина пратенциите да не се состанат и да го изгласаат тоа. На 10. Ноември се состанува претседателството да ги свикаат синдикалните организации и доколку не се изгласа законот, најавуваме Генерален штрајк. Што ги спречува пратениците до четврток да го изгласаат законското решение – недела неработен ден, работникот не може да почека, дециден е тој.

Синдикатот предупредува дека во услови на криза, работникот мора да биде заштитен.

-Ако растат цените мора да растат и платите. Вчера излезе потрошувачката кошничка. Ние не можеме да преживееме а камоли да живееме. Минималната плата треба да биде 60 проценти од просечната плата, согласно европските критериуми во европските држави и ние се стремиме кон тоа. Ние постојано сме во криза и минималната плата мора да биде 18 000 денари за да може ова да го пребродиме, а другите плати постојано да растат, вели Димовски.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

eighteen − one =