Димовски: Ние сме изиграни, платите требаше да се усогласат со минималецот

You must need to login..!

Опис

Сојузот на синдикати на Македонија по донесувањето на новата минимална плата побара солидарно да се покачат сите плати линеарно за 2800 денари со оглед на тоа што се соочуваме со низа кризи, вели Дарко Димовски претседател на ССМ.

-Ние си подадовме рака со претставници од Владата дека тоа право на работниците ќе се применува од 1 јули. Но, потоа ги снема. Вчера во пет до дванаесет нѐ убедуваа дека не е време за штрајк. Тие во ребалансот на буџетот не предвидоа средства за зголемување на платите што е според Законот за минимална плата кој предвидува усогласување на платите во рок од шест месеци, вели Димовски.

Тој вели дека од пратениците ќе бараат поддршка на амандманот на ребалансот на буџетот кој ССМ го испрати до сите пратенички групи, а ВМРО-ДПМНЕ одлучи да го поднесе. Тој амандман не помина на комисија, а ако помине на Комисија за финансирање и буџет Владата ќе мора да го разгледа, појаснува Димовски.

-Ние имаме реални потреби. Инфлацијата е двоцифрена, струјата е поскапа, сѐ е поскапо, а тоа се одразува на работниците. Штрајкот е последица и по работниците и по работодавачите и по владата. Ако не нѐ сослушаат ќе бараме оставки. Веќе рековме дека работниците ќе паметат кој застанал зад нив, вели Димовски за Утрински брифинг.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

2 × 3 =