Димовски: Најлесно е да се изманипулира категорија која е на работ од социјала, штрајкот завршува денеска

https://youtu.be/Dw2F8er2xv0

You must need to login..!

Опис

ССМ веќе постигна историски договор со покачувањето на минималната плата и требаше да се чекаат шест месеци да дојде до усогласување на другите плати.

-Самиот закон вели зголемување на минималната плата на 18.000 денари и усогласување во рок од шест месеци. Тоа веќе почна да се применува во голем дел од приватните претпријатија, како и минималното скалесто зголемување од 2.800 денари, а некои исплаќаат и повеќе. И тоа зголемување оди и за оние со минимална плата, па сѐ до директорите, вели Димовски.

Тој вели дека ПСО преговара со Владата и пратеничките групи за донесување закони кој ќе го реши проблемот на подолг рок за да не се случуваат вакви прекини во процесот на образование.

-Не сум слушнал дека се преговара за некоја конкретна цифра. Информациите што ги добиваме се различни, едни велат 18,4 отсто зголемување но тоа значи дека наставниците во основното образование со основна плата од 24 илјади денари пак нема да достигнат повеќе од 29 илјади денари. Други велат платите да бидат околу 44-45 илјади денари, вели Димовски.

Тој додава дека од Владата велат дека пари нема, а да имаше ќе се применеше минималната плата уште од март. Според Димовски, пари има и обезбедени се средства, а ќе има и ребаланс на буџетот како што е најавено, па се очекува во периодот од шест месеци платите ќе се усогласат.

-Најлесно е да се изманипулира категорија која е на работ од социјала. Сепак, не треба да се игра со просветните работници.

-Најлесно е да се изманипулира категорија која е на работ од социјала. Сепак, не треба да се игра со просветните работници. Тука со штрајкот малку не се јасни работите оти некаде се работи а некаде не се работи. Мене ми е страв дека ова е сепак некое пазарење за опстанување на синдикалната сцена, вели Димовски.

Тој вели дека штрајкот ќе заврши денеска, а на синдикатот му претстојат анализи за нови законски решенија кои трајно ќе го решат проблемот.

Целиот разговор погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

five × four =