Димовски: Медалот на Аземи е голем ден за македонскиот бокс, по години стагнација конечно боксот се враќа на европската мапа

You must need to login..!

Опис

Во боксот имаме доделување на два бронзени медали. Полуфиналистите и доколку бидат поразени се закитуваат со два бронзени медали, така што бронзата на Ардијан Аземи е обезбедена, изјави Примислав Димовски, претседател на Боксерската федерација на Македонија (БФМ).

На ова ова првенство имаме тројца боксери. Ајхан и Илхан Озмен и Ардијан Адеми. Ајхан и Илхан изгубија во првите борби, додека Адеми не израдува. После долги години пост во боксерскиот спорт донесоа медал и после две години претседател доаѓаме до некаков успех, вели Димовски, кој додаде дека овој успех не извади од агонијата во која боксот беше западнат.

Ние како поднебје сме познати како боксери кои добро ја познаваат техниката. Нас не не одликува толку силата колку техниката и брзината. Ние од ситуација да имаме 700 боксери на државно првенство паднавме на 70. Тоа беше страшно. Од една таква ситуација, јас како претседтел заедно со мојот тргнавме и некако успеавме со труд и вложување да го вратиме боксот онаму каде што припаѓа, изјави Димовски.

Целиот разговор со првиот човек на Боксерската федерација на Македонија Примислав Димовски погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

4 + fifteen =