Димовски: Кој е тој пратеник што нема да крене рака за покачување на платата на оние што го гласале?

You must need to login..!

Опис

Оваа недела беше бурна на ССМ кои се во борба за зголемување на минималната плата. Синдикалците бараат зголемување на минималната плата на 18.000 денари и скалесто зголемување на сите други плати, како и исплата на К-15 и за јавните службеници.

-Работодавачите на вчерашните преговори во последен момент излегоа со некоректен предлог за промена на методологијата за пресметување на минималната плата. Тоа е неприфатливо за нас оти според таа методологија минималната плата ќе биде 16.146 денари. Според цената на минималната потрошвачка кошничка во тој случај две минимални плати нема да можат да ја покријат. Нашите работници заминуваат во странство затоа што не можат да си го овозможат основниот минимум за преживување, вели за Утрински брифинг претседателот на ССМ Дарко Димовски.

Организацијата на работодавачи и Стопанските комори се сериозни организации и треба да направат сериозни анализи. Сега времето работи за работниците и попусто одолговлекуваат оти Законот за измени на Законот за минималната плата е веќе влезен во собраниска процедува, вели Димовски и додава дека му благодари на претседателот на Парламентот Талат Џафери што законот го ставил да оди во брза постапка.

Димовски најавува дека во 13.30 часот ССМ ќе излезе на протест и тој протест ќе трае, па штета ќе имаат и работодавачите. Тој додава дека Владата мора да заземе конкретен став и да ги земе предвид податоците и анализите од стручни лица што им ги презентира ССМ.

Трајко Славевски вчера изјави дека фирмите ќе се затворат ако се исполнат барањата на Синдикатите.

-Економската наука се базира врз анализи и бројки. Ако се зголеми платата работникот ќе биде попродуктивен и фирмата ќе има корист. Не верувам дека има фирма која ќе биде оштетена од зголемувањето на минималната плата, вели Димовски.

Фирмите бараат помош од владата за иновации и проширување на инвестициите, а за сметка на тоа ги занемаруваат потребите на работниците, вели Димовски и коментира дека е очигледно дека работодавачите немаат намера да ги затвораат фирмите, туку напротив.

Проследете го целиот разговор во видеото.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

fifteen + fourteen =