Димитров: Ќе направиме сѐ што можеме да дојдеме до достоинствен излез од оваа мака што има потенцијал да ја смени атмосферата во целиот регион

You must need to login..!

Опис

Заменикот помошник државен секретар на САД Габриел Ескобар јасно кажа дека приоритет на САД за Балканот е интеграција на Албанија и Северна Македонија во ЕУ.

Вицепремиер за европски прашања Никола Димитров вели дека јасна е неговата порака идека Американците се важен фактор и во регионот, но и се главен партнер на Европа во контекст на НАТО и се разбира дека Вашингтон има влијание.

-Регионот е прилично разнишан. Ескобар вели дека кај нас се прекршува инструментот на проширувањето – дали е тој реален или не е реален, вели Димитров и додава оти Ескобар при разговорите истакнал дека Македонија е кредибилен партнер и дека САД можат да помогнат.

Мислам дека мораме да учиме од искуството, оти ние немаме кабает за тоа што не сме почнале преговори. Мораме да ја штитиме нацијата и да не шириме ажна надеж. Ескобар вели дека сега влогот станува преголем. Ако нема преговори за интеграција, пораката е џабе решавате проблеми и тоа е многу сериозно за регионот, објаснува Димитров.

Тој додава дека се чека формирањето на новата бугарска влада за да можат да продолжат разговорите.

Но, министерството за надворешни работи на Бугарија оди во рацете на популистот Слави Трифунов кој има ригидни ставови кон Македонија.

-Неблагодарно е да се зборува пред рака, треба да се разговара со новиот министер. Она што е добра вест доаѓа од Скопје, ние имаме усоласеност со опозицијата дека преговорите со ЕУ треба да започнат, вели Димитров.

Заев остави силен печат врз целата иницијатива за решавање на спорот со Бугарија, но тој сега заминува од премиерската позиција.

-Курсот ќе остане. Секој политичар си носи свои политики, со Заев ја искачивме големата планина со Преспанскиот договор. Како земја сме пред раскрсница, ќе направиме сѐ што можеме да дојдеме до достоинствен излез од оваа мака што има потенцијал да ја смени атмосферата во целиот регион, но за жал не исклучувам и негативно решение, вели Димитров.

Иако се споменува од албанска страна можноста за одвојување на двете земји за почеток на преговорите со ЕУ, Димитров вели дека тоа не е можно во моментов оти ние ја чекавме Албанија кога таа беше заглавена во холанскиот парламент, а странските партнери не се расположени да поддржат раздвојување.

Ние имаме над 1200 функционери во државата кои при секоја промена на власта се менуваат по партиска линија.

-Ние мораме да го намалиме политичкиот колач што се дели по изборите како што тоа го направи Грција. Не може да се менуваат директори на училишта или болници. Стручните луѓе треба да останат и да се бираат на конкурс, вели Димитров.

Целиот разговор погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

two × 3 =