Димитров-Чурино стана специјален претставник за традиционалното борење во Оман

You must need to login..!

Опис

Македонскиот борец и тренер кој работи во Оман, битолчанецот Ристо Димитров – Чурино, за Божик доби престижно признание, тој е избран за специјален претставник за гуверноратот на Мускат за традиционалното борење „алмокабаш“ кое е слично на џудото.

Овој традиционален спорт најмногу се практикуваш во Јужен Оман, во Дхофар и особено во регионот Салалах.

Веќе 4 годинини живеам и работам во Оман. Дојдов по покана на УФЦ за д аја отвориме првата сала за мешани боречки вештини. Благодарение на Сајед Салем Мохамед Ал Харири, претседател на Алмо Кабасах асоцијацијата, што ми ја даде оваа чест. Ќе се обидам да го популаризира спортот на ниво на нација, но и надвор од Оман. Се надевам дека со ова ќе им ја претставам на младите генерации „алмокабаш“ културата и традициите. Плус, ќе го претставам надвор од Оман и ќе ги претставам на светските омани традиции, култура и народ“, вели Ристо Димитров.

Обврските на Димитров се да организира натпреварувања и тренинзи во и околу Мускат, на локално и национално ниво, како и одржувње семинари и доделување сертификати. Потоа да го промовира спортот како омански производ и да биде ексклузивен претставник за Оман. Овој спорт веќе е дел од Светската организација на традиционални спортови.

„Прво мојата работа е да го вратам во живот, како еден древен заборавен спорт, да го претставам на новите генерации и што повеќе луѓе да почнат да го практикуваат. А после тоа да го претставам надвор од Оман и со тоа да ја претставам оманската култура и традиција“, објаснува Ристо и додава дека во моментов овој спорт е популарен само во југот на земјата.

Целиот разговор погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

ten + 20 =