Димитров: Извештајот е повеќе од одличен – на ред е Европа

You must need to login..!

Опис

Европската комисија го усвои мини-извештајот во кој ја повторува препораката за Македонија да почне преговори за членство во ЕУ. Документот се објавува во пресрет на состаноците на Советот на ЕУ кон крајот на месецот, на кои, според најавите, би можело да се донесе одлука за старт на пристапни преговори со Северна Македонија и Албанија.

– Извештајот е повеќе од добар. Одличен е. Се вели дека и покрај разочарувањето од октомври Северна Македонија ги зголемила, интензивирала напорите во реформите и испорачала опипливи и одржливи резултати.

Сега имаме еден контекст каде состојките за успех се очигедни. Нова методологија, мини извештај дека е време да почнеме пристапни преговори и се надевам дека Европа тоа ќе го искористи и таа да испорача.

Мислам дека е време Европа да испорача една конкретна и одржлива одлука за почето на пристапни преговори. Но после искуството во изминативе две години, за жал, уште не можеме да си дозволиме да се израдуваме. Мислам дека треба да ја видиме прво конкретната одлука.

Но ако ЕУ во ваков контекст не испорача практично најголема жртва ќе биде политиката на проширувањето, односно ЕУ ќе даде сигнал дека вратата е затворена во еден регион кој е опкружен со земји членки и мислам дека таква работа нема да си дозволат, изјави за Утрински брифинг, Никола Димитров, министер за надворешни работи.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

1 × 5 =