Димитров: Доколку не се добие датум тоа ќе биде и на штета на Унијата

You must need to login..!

Опис

Хајко Мас кога изјави дека доколку се случи најлошото сценарио, односно да не се добие датум за почеток на преговорите ќе биде и на штета на Германија и на Унијата, мислеше дека политиката на проширување не е интерес само на Балканот, туку и на самата ЕУ. Дека Европа ќе биде побезбедна и посигурна ако во овој регион владеат европските вредности, институциите се силни, на линија се со европските политики.

Овие денови за жал е актуелна мигрантската проблематика. Не може Европа да е безбедна и сугурна ако не е во корелација со нашите политиките како и со другите од регионот. Заедно сме во ова. Географијата, економијата тоа го диктира.

Ако имаше една позитивна работа од овие јалови обиди во изминативе две години и тоа повеќе проблемите беа од страна на ЕУ отколку од нас. Конечно политиката на проширување стана предмет на внимание и дискусија на највисоко ниво и мислам дека новата методологија обезбедува едно оживување, враќање на маса на таа политика. Мислам дека тоа е плус.

Јас бев во Минхен, го чекав министерот за надворешни на Луксенбург да излезе. Бев малку во салата, малку надвор од неа кога Макрон ја даде до сега можеби најпозитивната јавна изјава во однос на проширувањето – кога рече – задоволни сме со новата методологија. Тоа е првиот чекор. Чекаме на мини извештаите, ако се позитивни тоа ќе биде втор чекор што ќе овозможи сериозно да го разгледаме прашањето за почетокот на преговорите. Така што работите одат кон заеднички успех.

Позитивно е што европската иднина на овој регион е неспорна и за Франција. Тие сметаат дека процесот станал премногу технички и развлечен, изјави министерот за надворешни, Никола Димитров, околу ставот на Франција и новата методологија.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

seventeen − 17 =