Димитров: Грција нѐ поддржува на патот кон ЕУ, но Балканците загубија верба – нон-пејперот е балканска ујдурма

You must need to login..!

Опис

Грчкиот министер за Европа го покани Балканот на средба во Солун да поразговараме за иднината на Европа. Ветувањето на ЕУ кон Балканот беше направено во Солун пред 18 години. Овој собир се случува во момент кога тоа ветување најблаго кажано е поразнишано. Многу од граѓаните на Балканот веќе не се уверени дека ЕУ е сериозна и и скрена кога ветува, зборува за европска иднина на земјите од Балканот, изјави во Утрински брифинг заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров.

Грција по решавањето на проблемите што ги имавме со нив се однесува така како што најприродно би требало да се однесува земја што се граничи со овој регион. Земјите членки на ЕУ кои се дел од нашиот регион, најголем бенефит ќе имаат ако европската приказна успее. Така што ова што Грција го прави сега е природното и нормалното, додаде Диитров.

Меркел е стожер на умерениот дел на континентот веќе 16 години. Уште како кандидат на канцелар во 2005 година, нејзината прва посета во странство е во Косово. Во пикот на еврозоната во 2015 таа имаше посета на Балканот. Кај нас беше 2018 година. Таа излезе со Берлинскиот процес како идеја како визија кога ЕУ го имаше подзаборавено малку Балканот.

Меркел е пријател на целиот регион. Состанокот не беше само емоции и поздравување, беше исклучително содржински, суштински.

о врска со односите со Бугарија Димитров вели дека на тој план не се случува ништо со оглед на тоа што Бугарија е пред трети вонредни парламентарни избори кои ќе се одржат заедно со претседателските. Оттука, за него тој нон-пејпер што се појави во јавноста е сосема бесмислен.

-Сум гледал и многу нон-пејпери и многу официјални документи. Прво, можам да кажам дека самиот јазик со кој е напишан не соодветствува на англиската граматика. Оттука претпоставувам дека „документот“ е балканска ујдурма, или пак можеби потекнува од кај нас, но тоа е во сферата на шпекулациите, вели Димитров за Утрински брифинг.

И бугарската влада се огради од таквиот документ.

Во врска со односите со Бугарија, Димитров вели дека во овој случај, во односите меѓу Македонија и Бугарија, „историјата не е учителка, туку сме влезени во затворот на историјата“.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

1 × three =