Димитровски: Да го спречиме изворот за бездомните животни, а тоа се неодговорни сопственици на домашни миленици

You must need to login..!

Опис

Од почетокот на декември Воислав Димитровски е нов директор на претпријатието за згрижување на бездомни животни „Лајка“.

-ЈП има повеќе кучиња кои се спремни за вдомување. Сите кучиња се истретирани, а нашите тимови работат на социјализација на уличните кучиња. Гледаме каков им е карактерот и сите карактеристики на кучињата им се објаснуваат на новите сопственици и можеме да им помогнеме да одберат кутре според нивниот начин на живот, вели Димитровски.

„Лајка“ досега функционирала по принципот стерилизирај и врати. Нашата стратегија е да работиме не само на стерилизација туку и на зголемување на јавната свест – да го спречиме изворот за бездомните животни, а тоа се неодговорни сопственици на домашни миленици и нивните потомци, вели Димитровски и додава дека пред да се спарат кучињата сопствениците треба да знаат каде би ги вдомиле нивните потомци.

-Со тимот на „Лајка“ се обидуваме да направиме календар на настани со цел да се афирмира вдомувањето на бездомни кучиња кои претходно се третирани од нашето претпријтие, вели Димитровски.

Проследете го целиот разговор во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

seventeen − 10 =