Димитровски: Во иднина нема да сметаме на транспортот како загадувач, туку како прочистувач на животната средина

You must need to login..!

Опис

Кога се работи за перспективата секогаш се поставува прашњето -Што ќе возиме и на што ќе се вози. Изгледа на Македонија и е судбина да биде депонија на „треторазредни“ автомобили.

Најверојатно и дизелите ќе бидат на сметиште, но дали воопшто варијантата на хибридни автомобили, и електроенергијата како двигател на автомобилите ќе допре до нас и што треба да се направи.

Бензин, нафта, гас, струја…што следува?

Очекува дека во иднина ќе почнеме со биогорива, мешавина, па потоа на биометан и очекувам дека понатаму нема да сметаме на транспортот како загадувач туку како прочистувач на животната средина – ќе зема валкан воздух, а низ моторите некаков чист воздух, изјави Даме Димитровски, професор на Машински факултет.

Секој обновлив извор на енергија има своја намена. Многу тешко во транспортот ќе воведеме ветерна енергија, или соларно возила. Ќе треба некоја варијанта од солар да направиме струја, па струјата да ја користиме во возилата, а биогоривата директно ќе ги користиме во моторите со внатрешно согорување.

Водородот не е нова технологија во производството на енергија. Идејата е да се соговри водород во некоја постојна постојка и такви мотори се појавуваа на саеми. Втората технологија е во горивни келии да работиме со водород.

Да се раслојува на водород и кислород и да го враќаме назад и притоа да ја искористуваме таа енергија, изјави во Утрински брифинг професорот Даме Димитровски.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

one × four =