Димитрова: Се појавија интернет страници слични на „Јавна соба“

You must need to login..!

Опис

Платформата за родова еднаквост заедно со женски организации од Србија, Хрватска, Црна Гора и Босна и Херцеговина, деновиве упатија заедничка реакција против институционалниот молк за сексуалното насилство и вознемирување на жените на интернет.

„Ова е почеток на нашата соработка со женските организации од регионот. Како што знаеме, повеќе од една година оперираа кај нас групи и содржини како што беше „Јавна соба“, а пред извесно време добивме информација дека и на регионално ниво и во самите држави почнуваат да функционираат групи наречени „Balkan room“, „Српска соба“, „Смоква“. Нашата соработка со жените активистки од другите држави е дел од регионалните напори да се спротивставиме на насилството, бидејќи и групите на насилници исто така почнуваат да делуваат регионално. Ние неодамна се сретнавме со колешките од регионот и мислам дека е многу важно регионално да се солидаризираме затоа што ова не е проблем кој што може да се решава во границите на само една земја.

Пред неколку дена до нас стигна информација дека веб сајт од ваков вид кој што оперирал во Македонија, но во моментов самата страница веќе не е активна бил деактивиран од модераторите на тој веб сајт, така што не се работи за некој чекор што го направиле институциите, туку веројатно повторно станува збор за community reporting што го правевме ние како активистки и жртви кои не’ контактираа, така што со заеднички напор ја пријавивме веб страницата и таа во моментов не постои. Но ние уште пред година и пол кога првпат се појави „Јавна соба“ апелираме дека доколку институците не почнат да работат на овој проблем, ова ќе продолжи да се случува и ќе станува се’ поголема и позачестена појава, луѓето во овие групи ќе стануваат се’ побројни бидејќи се работи за нова област која мора соодветно да се регулира и доколку тоа не се случи, логично е дека тие групи и интернет страници непречено ќе се шират. Се’ додека не видиме поконкретни резултати од страна на надлежните инстиуции, овој проблем ќе станува уште поголем“, вели за Утрински брифинг, Калиа Димитрова од Медуза.мк

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

17 + five =